Скандалозна изјава на премиерот Зоран Заев, по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев вели дека го одбил барањето за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, затоа што „ваква опозиција“ не може да биде овластен предлагач.
„Ваква опозиција, којашто не носела свои ставови за својата земја, а требала да оформи ставови, со ваков однос каков што е, апсолутно ние не прифаќаме да биде предлагач на јавниот обвинител во Република Северна Македонија“, рече Заев во крајно конфузната и нелогична изјава.
Тој признава дека тоа било изборно ветување на СДСМ но дека опозицијата нема да добие јавен обвинител се додека тој не оцени дека таа е „достоинствена и конструктивна“.
Притоа премиерот не кажа конкретно што му пречи и како треба ВМРО-ДПМНЕ да се однесува за Заев да го исполни ветеното.





