Политичкиот аналитичар, Нијази Мухамеди смета дека е сериозен пропуст што на вечерашната средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која ќе се разговара за прашања кои се од интерес на цела држава, нема претставник од политичките партии на Албанците.
„Последиците и хендикепот на оваа средба ќе се почувствуваат во иднина и тоа ќе биде пречка за плановите на Заев за тоа како ќе ги координира политичките процеси кои бараат консензуалност на повеќе нивоа“, изјави Нијази Мухамеди за ТВ21.





