Тунискиот министер за здравство Абдерауф Шериф поднел оставка по смртта на 11 новороденчиња во болница во главниот град Тунис, само четири месеци откако беше именуван на функцијата, пренесува Би би си.
Бебиња починале од септички шок во породилиштето Рабта во четвртокот и во петокот.
Туниското педијатриско друштво објави дека инфекцијата може да биде предизвикана од производот за интравенозна исхрана и ги повика властите да го расветлат случајот, критикувајќи ги „опасните услови“ во кои работат здравствените работници.
Туниското државно здравство важи за едно од најдобрите во Северна Африка, а земјата е позната по медицинскиот туризам како значаен извор на приходи за земјата.





