Официјални лица на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ како и државни службеници, потврдија дека сосема новиот авион „боинг“, кој пристигнал во Етиопија во ноември 2018 година, пандал шест минути од полетувањето, на околу 50 километри од Аддис Абеба на летот кон Најроби.
Етиопскиот премиер на Твитер, само дваесет минути по веста дека авионот паднал, објави дека биле испратени спасувачки екипи на местото на настанот, на на семејствата на жртвите им изрази најдлабоко сочувство.
Во меѓувреме, националната телевизиска мрежа објави дека сите патници и членови на екипажот загинале.
Во авионот имало патници од 33 земји.





