Претстојните избори за претседател на државата, реформските закони и датумот за преговори во Европската Унија ќе бидат тема на средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Средбатѕа се очекува да се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Владата.
Според Заев ова се се приоритетни прашања и за нив треба да има заедничка одговорност на двете најголеми политички партии.
„Оваа средба не е од формат за кои е потребно присуството на сите лидери од сите политички партии„, изјави вчера премерот според кој „важно е да зборуваме за интеграциските процеси и да направиме се што можеме во јули да го добиеме датумот за преговори“.
И Мицкоски претходно потврди дека ќе се разговара за тие три значајни прашања. Во однос на СЈО, за Мицкоски тоа е завршена работа. Во интервју за Алфа ТВ тој рече дека „проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполни очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните“, пренесува Нова ТВ.





