Откако измисли нов збор во Македонскиот јазик “Завидливизам” премиерот Заев во родната Струмица употреби несоодветен збор за атмосферата на Струмичкиот карневал.
“Клучот е кај карневалџиите, љубопитноста кај граѓаните. Од Струмица вечерва извира шаренило од креации, бои, хумор, критика и сарказам. Градот повторно е европска престолнина на маските преку која вековното станува современо” напиша Заев на својот Твитер профил несвесен дека еден од зборовите што ги употребил е несоодветен.
Според македонскиот јазик но и глобалното значење сарказмот не е позитивен начин на говор.
“Сарказмот е цинично исмејување на некоја личност со тоа што се наведуваат особини спротивни од вистинските. На пример кога за некој што има голема глава, велиме дека има главче и сл”, се вели во дефиницијата на зборот сарказам кој Заев го употреби иако тој е целосно неприкладен за оваа ситуација во која се слави човековата духовитост.
Маските на карневалот во Струмица понекогаш критикуваат настани и личности но никогаш немале за цел цинично да исмеат некого, велат долгогодишни учесници на карневалот за кој тврдат дека е симбол на радоста, среќата и позитивните мисли но никако нечие цинично исмевање.





