Владивосток ќе добие статуа на Исус речиси двојно повисока од таа во Рио

Во Владивосток ќе биде поставена статуа на Исус Христос, која би требало да биде повисока 30 метри од таа во Рио де Жанеиро, пишува порталот рускиот портал „Примамедиа“.



Статуата висока 69 метри ќе „никне“ на ридот Крст, каде што за време на Советски сојуз било планирано да се постави статуа на Владимир Илич Ленин.

Замислата е статуата на Исус да биде свртена кон најголемото руско пристаниште во Тихи Океан и да ги благословува сите бродови што ќе влегуваат и излегуваат од него. Архитектите планираат на соседниот рид да биде изградена и капела на Свети Сергеј Радонешки.

Претходно, било планирано да се подигне статуа на Исус Христос со капела на ‘ртот Чуркин во Владивосток, но не биле собрани потребните над 15 милиони долари.