Граѓани, утринава испратиле информации до медиуми дека патот Штип – Миладиновци е затворен, а тешка градежна машина била поставена на самиот почеток од автопатот, пишува порталот „Фактор“.
И од АМСМ денеска предупредија да не се користи автопатот.
Според првични најави, автопатот требаше да биде пуштен денеска, но чера министерот за транспорт соопшти дека тоа ќе биде наскоро – без да прецизира датум.
Министерот рече дека се неопходни уште некои безбедносни проверки.
Автопатот дог 47 километри чинеше 206 милиони евра, кредит од кинеската банка „Ексим“, а изведувач беше кинеската компанија „Синохидро“.




