Професорот Љубомир Цуцуловски поставува неколку логични прашања до јавноста и кандидатот Стево Пендаровски.
“НИШТО НЕ Е КАКО ШТО БЕШЕ. Еден од претседателските кандидати се пожалил дека цело време бил следен од службите на некоја тајна странска сила/полиција. Ако е навистина тајна сила/полиција, а самиот тој знае дека е тајна, тогаш следи дека таа не е тајна. Ако, пак, навистина е тајна сила/полиција, тогаш како знае дека е тајна”, прашува професорот Цуцуловски кој вели дека можат да се постават уште многу прашања од типот „ако“, поврзани со тајната сила/полиција.
“Ако е тајна, како се знае дека е тајна”, прашува Цуцуловски за кого постои уште еден суштински проблем: “Ако некој (сеедно кој) навистина е следен од некоја сила/полиција (тајна или нетајна, сеедно) тогаш каде се и што чекаат македонските безбедносни сили? Или, веќе ништо не е како што некогаш беше? Дури и ако е како што беше, сепак не е како што беше”, логички заклучува професорот.





