Побаран притвор за Мијалков

По соопштување на пресудата од 3 години затвор за Сашо Мијалков во случајот „Титаник 2“, обвинителката Фатиме Фетаи побара и притвор поради опасност од бегство.



„Опасноста од бегство значително е зголемена поради оваа пресуда, па затоа треба да се зголеми и степенот на негово обезбедување, а тоа може да се стори со мерката притвор“, рече обвинителката Фетаи.

Притвор беше побаран и за обвинетиот Бедредин Ибраими, кој беше осуден на четири години и шест месеци.