Мароканци и Албанци најбројни во добивање ЕУ државјанство во 2017

Во 2017 година околу 825.000 лица од целиот свет добиле државјанство на земја членка на Европската унија.



Најбројни меѓу „добитниците“ на европски пасош се Мароканците – 67.900, а веднаш за нив биле 58.900 државјани на Република Албанија.

Мароканците најчесто или 83 отсто станале Италијанци, Шпанци и Французи.

Според податоците објавени од страна на Евростат, 97 отсто од албанските граѓани добиле италијанско или грчко државјанство.

По Мароко и Албанија на трето место со 31.600 ЕУ државјанстава се граѓаните на Индија…