Арсим Зеколи добива закани!

Политичкиот аналитичар и поранешен македонски амбасадор Арсим Зеколи , кој во своите статуси на Фејсбук и на Твитер , како и во редовните  колумните, објави дека добивал закани од симпатизери на ДУИ, СДСМ, ДПА и Беса на Гаши.



Вели, дека такво искуство немал додека пишувал против ВМРО-ДПМНЕ.

„И уште нешто. За сиот период додека пишував против ВМРО-ДПМНЕ под Груевски, ниту еднаш немам добиено закани или напади од нивни симпатизери. Ниту еднаш! За разлика од ДУИ, СДСМ, ДПА и Беса на Гаши. Иако споредбено против В/Д имам упатено многу поголеми критики“, објави Зеколи на Твитер.