Харадинај ја вика Ана Брнабиќ во Приштина

Косовскиот премиер најави дека на почетокот на април во Приштина ќе се одржи средба на премиерите на земјите од Западен Балкан, на која ќе биде и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.



Рамуш Харадинај, според приштински „Коха“, побарал од членовите на владата да одобрат средба на којја ќе бидат поканети сите регионалните лидери, како и европскиот комесар за проширувањ, Јоханес Хан.

„Сакам да ги доведам овде и да разговараме за прашања кои се важни за имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација, но и за понатамошната интеграција на Косово во Западен Балкан“, рече Харадинај.