Професорката и кандидат за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова вели дека со месеци наназад укажувала на противправната постапка низ која беше донесен Преспанскиот договор но и референдумскиот процес.
„Секој меѓународен договор може да биде оспорен согласно одредбите на Виенската конвенција. Значи, зборувам за правна постапка пред надлежна меѓународна институција, а не за политичко ветување“ вели Силјановска во изјава за „Независен“.
Професорката потсетува дека во Република Македонија надлежен за уставноста на овој договор е Уставен суд, „но тој не работи со правни аргументи.
Она што можам да го ветам, без страв дека некого ќе разочарам, е дека прашањето ќе го држам отворено, во секоја пригода кога тоа ќе биде можно“, нагласува Силјановска-Давкова





