Седум кандидати за претседател на државата, според ДИК, во моментот собираат 10.000 граѓански потписи, а своите кандидатури треба да ги поднесат најдоцна до 21 март.
Досега само кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова ги собра потребните потписи.
Неизвесно е дали заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски до ДИК ќе достави потписи од граѓани или од пратеници, дознава НОВА ТВ.
Потписи собира и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и БЕСА, како и Филип Петровски, Господин Поповски, Јосиф Мирчевски.





