Министерот за надворешни работи на Србија во интервју за српската телевизија Хепи се пројави и како историчар, спомнувајќи ја и Македонија.
„Ние сега велиме дека Косово е срцето на Србија, а во 1914 и во 1918 година Никола Пашиќ и Караѓорѓевиќ велеа дека Македонија е срцето на Србија, односно ‘Стара Србија’, како што се викала некогаш. И тогаш во 1915 година силите на Антантата во Лондон, затоа и се вика Лондонски договор, а тоа се Велика Британија, Франција и Русија, ѝ предлагаат на Србија да ѝ даде дел од Македонија на Бугарија, за Бугарија да се привлече да влезе во војна против Германија и Австрија, а Србија да се прошири на друга страна, да ја земе Босна и Херцеговина и да има излез на море сè до Дубровник. А Никола Пашиќ и Караѓорѓевиќи велат: ‘Тоа е навреда за нас од две причини: Македонија е срцето на Србија и второ, ние рековме дека со браќата Хрвати и Словенци ќе ја правиме Југославија“, рече првиот потпретседател на Владата на Србија задолжен за безбедност и за надворешна политика.





