Германија ќе го одзема
државјанството на џихадистите од ИСИС
Министерот
за внатрешни работи на Германија Хорст Зеехофер и министерката
за
правда Катарина Барлеј постигнале договор да
им биде одземено германското државјанство на „џихадисти кои биле
членови на терористичката Исламска држава (ИСИС).
Државјанство ќе им биде одземано на германскии државјани кои биле „борци“ на ИСИС,ако се полнолетни и доколку имаат друго државјанство, пренесува БГНЕС.
Во 2018 година, речиси 1.000 германски граѓани заминале во Сирија и Ирак за да се борат на страната на ИСИС. Од нив една третина се вратиле, околу 150 загинаа, а останатите биле заробени.





