Политиката не смее да биде во рацете на неколкумина и не смее таа да биде само еднострана и да нема критика, порача денеска на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.
„Честопати велам штитејќи ја опозицијата политичарите се штитат себеси, оти демократијата е игра.
За жал на Балканот се случуваат работи кои можам да ги наречам „цезаризам“, „бонапартизам“, „олигархија “.
Во Република Македонија за нешта кои никој нема право сам да ги решава, во Македонија решаваа неколкумина.
Нивните зборови споредени кога биле опозиција и сега, во дилема сум дали се работи за исти луѓе, бидејќи тоа што го ветиле не го исполниле. Политиката може да ја загрози не само државноста, да не води сметка за идентитетот, туку како што вели еден британски лорд „политиката може да расипе, може да корумпира и апсолутната политика може да расипе и корумпира“, вели Силјановска.




