Убав автогол на Грција со реакцијата до Би-Би-Си, вели професор од Лондон

Џејмс Кер-Линдзи од престижната Лондонска школа за економија и за политички науки смета дека Грција си даде автогол со протестот до Би-Би-Си за написот за македонското малцинство.



„Минатата седмица Би-Би-Си Њуз објави напис за ‘невидливо малцинство’ на Грција. Следуваше метеж. Атина се жалеше. Би-Би-Си го додаде видувањето на грчката Влада дека словенските Македонци не се признати како ‘национално малцинство’… со тоа потврдувајќи ја тезата на написот. Убав автогол!“, напиша на својот профил на Твитер познавачот на состојбите во Југоисточна Европа и повремен колумнист на грчкиот весник „Катимерини“.