Американски сенатор го повика претседателот Трамп да ја откаже продажбата на борбени авиони „Ф-35“ на Турција, доколку таа НАТО членка инсистира на купување на анти-авионски систем од С-400 од Русија.
Демократот Крис Ван Холен ја доведе во прашање посветеноста на Турција да остане во НАТО.
„Трамп треба кристално да каже: Ако Турција го купи рускиот систем С-400 од Путин, нема да добие Ф-35. Точка.
На Турција не смее да ѝ биде дозволено да ја компромитира безбедноста на нашите пилоти и безбедноста на НАТО. Дали тие сакаат да се откажат од НАТО“?, напиша сенаторот на Твитер.





