Делегатите на СДСМ на денешниот Конгрес го потврдија изборот на Стево Пендаровски за претседателските кандидат на својата партија.



Сите 712 присутни гласаа „за“ Пендаровски.

„За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 партија од сите етнички заедници, но и на многу наши граѓани кои не се членови на политички партии. Посебна благодарност до оваа политичка структура и до лично до премиерот Заев кои направија политички потег без прасдан и по 5 години му овозможија  повторно да влезам во трката за претседатател откако во 2014 бевме предмет на брутален изброен инженеринг“, рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите.