По реакциите во грчката јавност и пописмотоа на официјална Атина преку грчкиот амбасадор во лондон, предизвикани од сторијата на Би-би-си за македонското малцинство во Грција и за македонскиот јазик, британскиот телевизиски канал ја надополни „приказната“ со позицијата на Грција за ова.
Во објснувањето се вели дка грчката влада официјално признава само едно малцинство – муслиманите во Тракија – и дека, историски гледано, на македонските Словени од грчкиот регион Македонија гледа како на јазична, а не национална група, пренесе „Катимерини“..
Се додава исто така дека согласно Преспанскиот договор, националноста на луѓето од Северна Македонија е “македонски / државјанин на Република Северна Македонија” и не претпоставува постоење на македонска етничка припадност.





