„Со давање право на глас на дијаспората, таа станува важна и помотивирана за да придонесе за татковината. Право на глас за дијаспората ја прави истата да не се счувствува како странец дома“ изјави во Тирана за време на Самиот на албанската дијаспора миниsтерот за дијаспора во актуелната македонска влада, Едмонд Адеми.
Нс панелот насловен„Право на глас! Нова државна политика на дијаспората„ министерот од актуелната македонска влада, обраќајќи се на албански, рече дека било нужно, новите политики да се стремат да ја вклучат дијаспората во домашната политика, јавува А1.Он.
Тој истакна дека „Владата на РСМ отиде чекор напред во зајакнувањето на соработката помеѓу дијаспората и државата“ посочувајќи дека како министер за дијаспора во соработка со други компетентни министерства и институции подготвиле Национална стратегија за соработка со дијаспората, која наскоро ќе биде и ратификувана.





