Благодарејќи на конгресменот од Мичиген, Пол Мичел, гласилото на Конгресот на САД, „Конгрешнл рикорд“, ја пренесе репортажата на Би-Би-Си за македонското малцинство во САД.



Членот на Конгресот од Републиканска партија, кој вчера се сретна со претставници на Обединета македонска дијаспора од Вашингтон, ѝ се обратил за тоа на спикерката на претставничкиот дом Ненси Пелоси.

„Госпоѓо спикер, како копретседател на Конгресната група за Македонија и како претставник на една од најголемите популации на македонски Американци во земјата би сакал да го вклучам во ‘Рикорд’ следниот напис на Би-Би-Си со наслов ‘Невидливото малцинство во Грција – македонските Словени’. Посветен сум на одржувањето и на зацврстувањето на заемно корисните односи меѓу Соединетите Држави и Македонија и ги повикувам моите колеги да ми се придружат во градењето и во проширувањето на културните, економските, стратешките и владините врски меѓу нашите две нации“, напиша Мичел до Пелоси.