Вториот самит на претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун заврши денеска во Ханој, Виетнам, без договор, соопшти Белата куќа.



Трамп за новинарите изјави дека САД нема да потпише било каков договор со Северна Кореја и најави продолжување на американските санкции.

„Бараа санкциите целосно да бидат укинати, но не можевме да го прифатиме тоа. Ќе работиме и понатаму со Северна Кореја. Сите санкции остануваат. Јас сум многу добар пријател со Ким и Северна Кореја, има многу потенцијал, но јас не мислам дека сега е мудро да се потпише нешто“ рече Трамп.

Тој потврди дека Ким му ветил дека „без оглед на с’е, нема да продолжи со нуклеарните тестови“.

Објаснувајќи ги причините за прекин на средбата, Трамп изјави дека лидерот на Северна Кореја барал целосно укинување на санкциите.

„Понекогаш треба да заминете и ова беше таков случај“, рече Трамп.