Амди Бајрам побара да го почитуваат иако е Ром

„Што е ова, ние не сме ли фактор? Што ако сум Ром? Има проблем што сум припадник на ромското малцинство“, запраша денеска од собраниската говорница лидерот на Сојузот на Ромите откако на седницата бил поставен на 16 место да постави пратеничко прашање.



„ Јас имам прашање до МВР и до Јавниот обвинител. Две седници се мачам да го поставам и не можам да дојдам на ред. Тоа е за настаните во Шутка“, рече Амди Бајрам веројатно мислејќи на настанот од  пред еден месец кога во Шуто Оризари локално население нападна полицајци..

Тој побара од колегите пратеници да бидат хумани: „Откажете се од вашите прашања да го поставам моето прашање“, побара Амди Бајрам.