Министерот за надворешни работи Никола Димитров му врачи благодарница на американскиот aмбасадор Џес Бејли, на САД, Џес Бејли за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на американско-македонското пријателство.
На прошталната средба, амбасадорот Бејли истакнал дека е задоволен што по четири години, заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ.





