„Нашиот став е дека покрај комуналиите кои законски си ги плаќаат граѓани, оние кои граделе диво да платат плус и пенали и тоа најмалку 50 отсто од цената на комуналии.
За нас е важно да нема легализација за едно евро“ – вели претседателот на ЗЕЛС и и градоначалник на Скопје Петре Шилегов.
Можност за легализација сега ќе имаат оние градби кои можат да бидат вклопени во Деталниот урбанистички план, односно кои не се наоѓаат во забранети и заштитени зони за градба. Доколку градбата не влегува во ДУП-от, ќе се урива.
Според податоците на ЗЕЛС во земјава има околу 70.000 дивоградби.





