Годишниот извештај на EK за напредокот на балканските земји ќе биде одложен за по изборите за Европскиот парламент, што ќе се одржат на крајот на мај, соопштија дипломатски извори од Брисел.



Според аналитичари, насоката на политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан ќе зависи од резултатите од европските избори, пренесува БГНЕС.

Објавувањето на извештајот по 29 мај, според медиуми е знак дека некои земји-членки на ЕУ го сметаат проширувањето на Балканот како „внатрешен ризик пред изборите“, пренесува агенцијата.