Директорот на Истражниот затвор, „Шутка“, Ѓоко Котески, ја доставил својата оставка поради инцидентите минатата недела во затворот беа нападнати притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спире Ристовски од осуденици за „Диво насеље“.
11 лица вработени во чуварската служба, но и од раководни структури во затворот кои направиле низа пропусти во работењето. ќе одговараат за направени пропусти, кои довеле до двата одвоени инциденти.
Делалниот извештај за случајот покажува дека биле детектирани пропусти во протоколите за постапување, како и непостапувањето по протоколот за изведување на притворените лица надвор од собите.
До нарушена безбедност довело тоа што не бил извршен рачен претрес на просториите, што им овозможило на притворениците во ќелиите да чуваат ,,арсенал” предмети кои не се дозволени, како телефонски апарати, но и други предмети со кои можат да се нанесат физички повреди.





