Нацртот на конечниот договор меѓу Косово и Србија конечно е откриен. Врз основа на овој договор, кој е објавен во социјалните мрежи во Косово, Митровица добива статус на слободен град, додека рударскиот комплекс Трепча, кој се проценува дека има природни ресурси од околу 500 милијарди евра, добива посебен статус.



Предвидено е создавање заеднички американо-француско-кинески конзорциум кој ќе го искористи рудникот за период од 99 години. 15 отсто од добивката ќе одат во Митровица, 35 отсто ќе одат во Србија, а 50 отсто ќе одат во косовскиот буџет, објави Независната балканска новинска агенција (IBNA).

Општина Прешево, која е на југот на Србија, целосно ќе оди во Косово.

 Општина Бујановац добива статус на посебна област. Според нацрт-договорот, овој град ќе има совет од 3 члена и собрание од 30 члена. Буџетот на овој град ќе биде финансиран од Србија, Косово и ЕУ. Градот, исто така, добива статус на слободна даночна зона.

Воената база „Југ” во Цепотине станува американска база, меѓутоа, со мешан состав:  Оваа база ќе има 1700 војници. 50% од нив ќе бидат српски, а 50% ќе бидат Албанци. Коридорот ќе биде заштитен од НАТО за период до 15 години, додека сите страни ќе можат слободно да се движат во неа.

75% од електричната мрежа ќе припаѓа на Косово, а 25% ќе припадне на Србија поради интерконекција. Енергетскиот сектор ќебиде администриран од САД, Австрија и Германија.

Пеќската Патријаршија и српските цркви во Косово ќе добијат екстратериторијален статус во Косово.

Се очекува овој договор да биде загарантиран од Советот за безбедност на ОН, од ЕУ и од НАТО. Договорот се очекува да биде постигна до 15 мај 2019 година.

Конечниот договор се очекува да биде потпишан од 28 јуни до 13 јули 2019 година.

До октомври 2019 година, се очекува парламентите од двете земји да го ратификуваат договорот и да ги изменат нивните устави.

Целосната имплементација на овој договор започнува на 1 ноември 2019 година.

Властите во Приштина не коментираат за ова. Единствениот кој реагираше беше лидерот на Партијата за самоопределување, Албин Курти. Курти го нападнал претседателот Хашим Тачи и неговиот план.