Професорката Мирјана Најчевска предлага разврска на „кризата“ по последните препукувања во Парламентот поврзани со пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски што резултираше со „кавга“ меѓу спикерот ТалатЏафери, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, пратеникот Мухамед Зекири.
„Ако се нервира Џафери од настапи на пратеници и заради тоа не може да ја изврши задачата која ја презел нека поднесе оставка и нека си се нервира колку што сака за по дома.
Сега 20 пратеници треба да предложат отповикување на Џафери од функцијата претседател на Собранието“ – пишува Најчевска на Фејсбук.
Таа смета дека е потребна сериозна истрага за сознанијата кои ги имала партијата ДУИ за нападот на Собранието, за тоа каде биле пратениците од оваа партија, што правеле и дали има нивна вмешаност во настаните.





