Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи бара Заев да оди на избори ако навистина има голема поддршка како што тврди.
“Ајде Зоране Заев, ако си револтиран и не се трпите со Али распиши избори! Веднаш! На избори. Имаш подршка од толку многу македонци и албанци. Најпопуларен во Европа и пошироко. ВМРО е труба, се распаѓа. За Нобел те токмат. Ајде на избори! Што чекаш? На избори Зоране, пролетва!”, пишува Зеколи во полуироничната порака до Заев.





