Навредливи зборови од пратеници на СДСМ во Собранието го испровоцирале спикерот на Собранието Талат Џафери да ја прекине седницата на која што требаше да се решава за одземањето на пратеничкиот имунитет на екс спикерот Трајко Вељановски.
Вака во ДУИ го објаснуваат прекинот на седницата која што секако според деловникот мораше да запре по полноќ.
На една минута пред полноќ кога стана јасно дека Собранието вечерва во законскиот рок нема да одлучи за одземањето на мандатот на Вељановски пратеници на СДСМ со навредливи зборови се обратиле кон дел од присутните по што Џафери без размислување ја прекинал седницата.
Извори во ДУИ како најдиректен во жестоките вербални реакции го споменуваат пратеникот Мухамед Зекири кој е потпретседател на СДСМ.
Според изјави на очевидци Зекири искажал тешки зборови но во ДУИ допрва ќе анализираат дали зборовите биле упатени директно кон Џафери или како знак на револт кон тоа што целото Собрание не успеало да одлучи за мандатот на Вељановски.





