Џафери закажа седница за пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Претседателот на собранието по целодневни консултации ја закажа пленраната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, дознава 1ТВ.



Талат Џафери седницата ја закажа за 21 часот.

Собранието да одлучува по барањето на Судот за одземање на имунитетот на Трајко Велјановски, денеска побара претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашња, Павле Богоевски.

Комисијата  синоќа не донесе одлука откако 4  пратеници од СДСМ, гласаа „за“, а  4  пратеници од ВМРО ДПМНЕ „против“ одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен парламентарен спикер Вељаноски.

На полноќ истекува рокот на законодавниот дом по кој треба да се произнесе на судското барање за Вељаноски.

За Вељаноски Обвинителството за организиран криминал бара притвор