„Нашиот потенцијален придонес во трансформацијата на вооружените сили на Северна Македонија ќе ги оддалечи другите регионални кандидати кои би можеле да се обидат да извлечат корист и да извршат влијание врз соседот“ вели вели министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис кој неодамна ја презеде функцијата по повлекувањето на неговвиот претходник Панос каменос.



Во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“. тој оценува дека по Договорот Преспа и интеграцијата на соседната земја во НАТО има предуслови за зајакнување и проширување на соработката.

Нашиот стремеж е нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија во одржување на мирот и зајакнување на соработката на Балканот“, вели министерот за одбрана на Грција за „Катимерини“.