Цуцуловски за непотизмот: калта со кал не се чисти

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсук реагира на обидите да се оправдаат случаите на непотизам:



„Некои не можат да сфатат (всушност, „не можат да сфатат“) дека непотизмот со непотизам не може да се оправда, како што и лагата со лага не може да се оправда.

Уште помалку, да се сокрие/покрие.

Имаше право Хераклит, кога предупредуваше дека од калта со кал никој не може да се очисти. Но, се чини, дека очајот и безочноста си го прават своето – упорно газејќи во калта, уште повеќе пропаѓаат во калта.

https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/posts/1173784202786887