Не беше постигната согласност во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски спикер Трајко Вељаноски.



Членовите на Комисијата по два дена расправа, гласаа 4 : 4  да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, за кого судија на претходна постапка побара притвор, поради сомневање дека тој е еден од организаторите на настаните од 27 април.

Во моментот на гласањето вечерва не беше приустен пратеникот Агим Шаќири од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство, јавува порталот СДК.