Директорот на истражниот затвор „Шутка’ Ѓоко Котевски соопшти дека во понеделник ќе поднесе неотповиклива оставка, по вчерашните инциденти во затворот.
“Од досегашната истрага, утврдени се пропусти во постапувањето и непочитувањето на стандардните безбедносни протоколи од службата за обезбедување во затворот Скопје. Затоа преземам одговорност”, рече Котевски.
Тој рече дека ја почитува изјавата на премиерот Заев кој побара од него оставка.




