Димитров слави 25 години соработка меѓу Јапонија и – Северна Македонија?!

Употребата на новото државно име за 25-годишниот јубилеј во дипломатските односи со Јапонија од министерот за надворешни работи Никола Димитров предизвика лавина од реакции на Твитер.



„Одбележување на 25 години соработка и доверба меѓу Северна Македонија и Јапонија! Сонцето од нашите национални знамиња нека свети врз македонско-јапонското пријателство! Почитуван министер Таро Коно, благодарен сум за вашата љубезна порака по овој повод“, твитна Димитров.

„Како може да има 25 години пријателство со Северна Македонија, кога вие вчера ја создадовте Северна?“, „25 години соработка меѓу Јапонија и Македонија. Само три недели соработка со новата земја Северна Македонија“, „’Н’ не постоеше пред 25 години. Лажи некој друг“, „Јапонија е пријател со МАКЕДОНИЈА!!! Земјата за која зборувате НЕ ПОСТОИ!!!! Вие сте министер на замислена земја“, се само дел од реакциите под постот на потписникот на Преспански договор.