Речиси секој ден „исчезнува“ по едно лице

Според податоците од МВР, во 2017 година за исчезнати биле пријавени 217 лица, а бројот се зголемил во 2018 година, кога полицијата трагала по 246 лица.



МВР не даде информации колку лица биле пронајдени живи, а колку мртви, но и за тоа, која била причината за нивното исчезнување, дознава „Макфакс“.

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, беше едно од 24 лица кои биле пријавени за исчезнати од почетокот на 2019, од кои пронајдени се 20, а по четири лица сè уште се трага.