Единствениот печатен медиум на македонски јазик
во Албанија, денеска одбележува седум години од објавувањето на првиот број.
„Во
изминатите седум годишен период, весникот „Илинден“ прерасна во медиум кој со сериозноста и со
пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското
национално малцинство во Албанија, но и за промоција на активностите на
македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското
население надвор од границите на својата матична држава, изјави Никола Ѓурѓај,
главен и одговорен уредник.
Во изминатиов период, „Илинден“ предизвика голем интерес кај читателската
публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот.





