„Мене ми е веќе преку глава да разговарам за детски работи“ е реакцијата на претседателот на Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за идејата на покривот на ГТЦ да се уреди „зелена градина“.



Она што е таму ставено го правел некој што или не работи проектирање сериозно или е ангажирана градежна компанија што си има вработено некој млад архитект. Не вреди понатаму да се коментира. Прва работа, доколку нема конкурс за тоа решение, џабе разговараме, дури и да е најдоброто“, вели Пановски според кој дизајнот е „смешно да се даде во јавност сепак сме  21 век“ пренесува Макфакс.

И граѓаните бараат градоначалникот на Скопје да направи приоритети и да почне да ги решава приоритетните проблеми, а козметичките интервенции, како што е „градината“ над ГТЦ, да ги остави за подоцна. 

Зелениот покрив на ГТЦ беше предизборно ветување на градоначалникот Петре Шилегов и барање на голем број организации, активисти и посетители на трговскиот.