„Политичката кампања за Претседател на Македонија, Силјановска, ја почнува со стилска одбрана од машки шовинисти и грубијани. Не можеше подобра реклама да и` направат.
Туку, за оние кои не ја познаваат, т.е не биле нејзини студенти, таа во 90-те, беше права дама. Имено, и уште е дама“ напиша новинарката Јорданка Ивановска.
На нејзиниот пост кој наиде на позитивни реакции на Фејсбук , реагираше и Гордана Силјановска.
„Благодарам Јорданка! Женска солидарност е клучна за успех на жените во сите сфери, а особено во политиката!





