Три автобуси во Гостивар возеле со неисправни сопирачки!

На гостиварското подрачје сообраќајната полиција вчера извршила контрола на 12 минибуси и автобуси при што е констатирано дека кај три возила што вршат јавен превоз биле констатирани неисправни сопирачки.



„ Кај три била констатирана техничка неисправност на уредите за сопирање, додека едно од возилата го управувало лице без положен возачки испит, односно без возачка дозвола.

Трите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните лица изготвени им се законски предвидените поднесоци, соопштија од СВР Тетово.