ММДЧП до членките на ОН: Македонија не го промени името

Бараме поддршка за да се стави стави крај на промената на името која ни е наметната од Западот. Нелегитимниот „премиер“ Зоран Заев ја измами меѓународната заедница и ја убеди дека Македонија го сменила своето име и покрај тоа што претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша нелегалниот и со сила наметнат документ за менување на името на Република Македонија. Македонија не го смени своето име. Членот 75 од македонскиот Устав јасно вели дека секој закон мора да биде потпишан од претседателот, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).



„Меѓународната заедница мора да се обедини во заштита на демократијата и владеењето на правото. Ги повикуваме земјите членки на ОН да стават крај на принудното спроведување на Преспанскиот договор и да соопштат дека тие не го поддржуваат менувањето на македонското име во Обединетите нации.

Бараме да се поднесе барање пред Генералното собрание на ОН за почитување на принципите на ОН и владеењето на правото (да се отстрани незаконоскиот, илегален услов кој ѝ се наметна на Македонија при приемот во ОН во 1993 година, а кој е во спротивност со Повелбата на ОН) и да се дозволи итен прием на Република Македонија под нејзиното вистинско име, со што трајно ќе се стави крај на сите обиди за менување на името.

Бараме Русија и Кина, како членки на Советот за безбедност на ОН, да стават вето на сите обиди за менување на македонското име.

Ја повикуваме Турција и другите членки на НАТО кои се заинтересирани за заштита на демократските принципи и меѓународното право да го отфрлат секое менување на македонското име и да стават вето на приемот на Македонија под името „Северна Македонија“ или било кое друго неуставно име“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права, Канада.