Макфакс ѝ се скара на телевизијата на „Боки 13“

Ги осудуваме инсинуациите на Бојан Јовановски, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу 1ТВ и Макфакс, реагираше денеска Реакцијата на Макфекс.



Нашата редакција со него и со 1ТВ нема никаков договор за соработка, а по вчерашниот негов став, нема никогаш ниту да има, соопшти денеска Редакцијата на Макфакс и Групацијата Клип медија.

Во сооптеението на Макфакс се вели дека целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.

Оттука, Бојан Јовановски не може и нема да има никакво влијание во однос на уредувачката политика и во однос на новинарите и вработените во Макфакс.