Во Турција уапсени 4 припадници на ИСИС барани од Интерпол

Турската полиција денеска задржа 4 осомничени членови на терористичката ИСИС (Исламска држава) во округот Бурса, јавуваат медиуми повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“.



Од притворените, две се жени кои се барани од Интерпол поради нивните врски со Исламска држава.

Двете жени имале лажни лични документи.

Установено е дека едната „џихадиска“ има холандско, а другата двојно- холандско и мароканско – државјанство.

Двајцата мажи уапсени со нив се граѓани на Ирак и на Холандија!?