Американец, кој бил отпуштен од работа, застрелал пет луѓе и повредил неколку други на своето работно место во градот Аурора во сојузната држава Илиноис.
Тој беше убиен за време на размена на оган со полицијата откако 5 полицајци беа убиени и повредени.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Гери Мартин (45), кој работел во компанијата „Хенри Прат“ веќе 15 години.
Офицерите одбија да шпекулираат за мотивите што доведоа до крвавиот настан, но весникот Chicago Sun-Times објави дека според неговото семејство Мартин бил под стрес откако бил отпуштен од фирмата.





