Откако на фејсбук страната вчера од приврзаници на Здравко Савевски беше објавено дека во Левица се случува судир, денеска официјално соопштение од партијата.
” Скоро половина година работата во Левица беше целосно блокирана од една тесна
група членови на Централниот комитет собрани околу т.н. троцкистичка фракција
„Црвени“, а инструирани од надворешен центар на моќ”, пишува во соопштението на партијата Левица.
Остатокот од соопштението на Левица
Фракцијата, со своите претесни и
ограничени идеолошки погледи, на секој начин се обидуваше да се наметне и да доминира –
а притоа нејзините врбувани членови со крајни напори се обидуваа да го закочат, минираат
и саботираат делувањето и акционото единство на Левица, посебно околу процесите на
нелегитимните уставни промени, важните национални политички прашања од поширок
интерес поврзани со „Преспанскиот договор“ и со т.н. Закон за двојазичност.
Повеќемесечната политичка борба внатре во главните органи на Партијата силно ги
наруши персоналните меѓучовечки односи и довербата неповратно се изгуби, особено после
нелегалниот обид за пуч и смена на легитимните партиски органи од страна на т.н. орган со истечен мандат.
Притоа, сите обиди да се дојде до взаемен компромис пропаднаа, а оваа
маргинална група од пет-шест луѓе остана рововски закопана во своите погубни
политички ставови, кои немаа никакво одобрување од базата, тврдоглаво одбивајќи да го сообрази своето штетно делување со реалните прилики на современата стварност и не сакајќи да ги почитува одлуките на ЦК донесени со апсолутно мнозинство гласови.
Истовремено беа откриени и серија финанскиски малверзации на дел од членовите
на таа група, по што не остана никаков простор за можно взаемно разбирање и идно
заедничко политичко делување под истото борбено знаме и кауза.
Поради овие, како и многу други флагрантни тешки дисциплински повреди на Статутот, легалните партиски органи решија да се консолидираат и оваа деструктивна група да ја исклучи од раководството на Партијата, а на дел од нив да им го замрзне членството во Левица.
По овие неколкумесечни смислени тензии и интерни превирања – за кои е
симптоматично тоа што секогаш се појавуваат за време на некој важен предизборен период,
а се диригирани од власта која по четврти пат се обидува да ја растури Левица, сега преку
врбување на луѓе кои повеќе од една година беа целосно пасивни и отсутни од јавниот
дискурс – конечно Партијата, еднаш-засекогаш, расчистува со овие штетни структури кои
свесно го опстриураат и кочат нејзиниот иден развој и напредок.
Од денес Левица се враќа на правилниот курс, посплотена од било кога, како единствена реална опција за работниот народ и за сите непривилегирани и обесправени слоеви од населението во нашата Република. Во меѓувреме, правиме напори и за враќање на илегално преземениот фб пејџ!
Продолжуваме понатаму!
Со нови сили, на различни фронтови!
Посилни од вчера, поборбени за утре!
Подобар свет е неопходен, подобар свет е можен!
С к о п ј е
16.II.2019
Со искрена почит,
Президиум на Левица
доц. д-р Димитар Апасиев – с.р.





